Спас во последен час – Венгер ја враќа во живот отпишаната ѕвезда


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Јаја Туре до оваа сезона беше вистински лидер во екипата на Манчестер Сити, а со доаѓањето на Пеп Гвардиола неочекувано падна во втор план.

    Тој всушност е само една од ѕвездите во низа кои се најдоа на удар од Шпанецот, а единствено решение за него е напуштање на „Етихад“.

    Британските медиуми тврдат дека Туре е решен во намерата да остане и така да ја земе и последната фунта од еден од најголемите договори на Островот.

    Сепак, се би можел да промени Арсенал, кој сака да го види во своите редови.

    Уште од порано е познато дека играчот беше цел на Арсен Венгер, а сега „топчиите“ се одлучни во намерата да го донесат играчот на „Емирати“.

    Французинот смета дека токму тој е играчот кој со своето искуство би го предводел својот тим до долгоочекуваната титула шампион на Англија.