Списокот на Шпанија е доказ дека никој не треба да се отпишува


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Шпанија Хулен Лопотеги го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари против Израел и Франција.

Шпанците против Израел ќе играат на 24 март на домашен терен во рамките на квалификациите за СП, додека четири дена подоцна гостуваат кај Франција во пријателски меч.

Интересно, повик конечно доби играчот за врска на Реал Сосиедад Асиер Иљараменди за кого ова е прв пат да се најде на списокот на некој од селекторите на Шпанија.

Неговото име на списокот е уште поинтересно кога ќе се земе во предвид дека Иљараменди до пред две години беше член на Реал Мадрид и тогаш беше на врвот на кариерата, но ни во тоа време не доби повик за репрезентацијата.

Сепак, таа среќа да добијат повик немаа играчот за врска на Манчестер Јунајтед Хуан Мата и играчот за врска на Челси Сеск Фабрегас.

За разлика од нив, во репрезентацијата се врати Педро кој игра одлично во оваа сезона во дресот на Челси.

Повик доби и играчот на Милан на позајмица од Евертон Жерар Делуфеу.

Комплетен список на Шпанија:

Голмани: Давид Де Геа (Манчестер Јунајтед), Пепе Реина (Наполи), Серхио Рико (Севиља).

Дефанзивци: Жорди Алба (Барселона), Сезар Азпиликуета (Челси), Дани Карвахал (Реал Мадрид), Хави Мартинез (Баерн Минхен), Начо Монреал (Арсенал), Начо (Реал Мадрид), Џерар Пике (Барселона), Серхио Рамос (Реал Мадрид).

Играчи за врска: Тиаго Алкантара (Баерн Минхен), Серхио Бускетс (Барселона), Андер Ерера (Манчестер Јунајтед), Асиер Иљараменди (Реал Сосиедад), Андрес Иниеста (Барселона), Иско (Реал Мадрид), Коке (Атлетико Мадрид), Давид Силва (Манчестер Сити).

Напаѓачи Јаго Аспас (Селта Виго), Диего Коста (Челси), Жерар Делуфеу (Милан), Алваро Мората (Реал Мадрид), Педро (Челси), Витоло (Севиља).