Среќата му го сврте грбот на росонерите – Перишиќ во последната минута го спаси Интер од пораз на Сан Сиро


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во Дела Мадонина во италијанската Серија А се одигра без победник, Милан – Интер 2:2.

    После дваесет и пет минути игра на Сан Сиро, Иван Першиќ испрати шут со глава кој беше непрецизен. Две минути пред крајот на првото полувреме Џакомо Бонавентура му асистираше на Сусо кој постигна фантастичен погодок за водство на росонерите. Во второто полувреме видовме една бомба испратена од Антонио Кандрева која заврши во мрежата на немоќниот Џанлуиџи Донарума за израмнување на резултатот. Пет минути подоцна Сусо во една соло акција го измести дефанзивецот на Интер и погоди за враќање на водството на Милан. Хрватскиот фудбалер, Иван Перишиќ имаше шанса да израмни, но неговиот шут заврши во гол-аут. Перишиќ во 92-ра минута ги постави конечните 2:2 и му донесе голем бод на Интер.

    Росонерите остануваат на третата позиција со исто бодови колку и Рома, а имаат седум бода негатива зад лидерот Јувентус. Интер со денешниот среќно освоен бод се наоѓа на деветата позиција на табелата во Серија А.

    Милан во следното коло му гостува на Емполи, а Интер на Џузепе Меаца ќе ја пречека Фиорентина.