Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот репрезентативец и капитен на Хрватска, Дарио Срна никогаш не бил поблиску до заминување од редовите на Шахтјор.
Имено, шпанските медиуми тврдат дека тој побарал раскинување на договорот со клубот од Донецк, и најверојатно уште во јануари ќе пристигне на „Камп Ноу“.
Срна веќе 13 години игра за украинскиот клуб, каде што стана и легенда на клубот, а веќе некоре време се шпекулира за трансфер во Барселона.
„Доколку Дарио одлучи да си замине, тоа ќе биде негова страна. Даде се за Шахтјор и ќе бидеме горди на се што ќе одлучи. Ќе ги исполниме неговите желби“, изјави претседателот на клубот, Ринат Ахметов.
Интересно е тоа што Срна би заработувал помала плата од онаа која сега ја заработува во Украина, доколку одлучи да си замине во Барселона.