Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Управата на Астон Вила го именуваше новиот менаџер по отпуштањето на Роберто Ди Матео.
Англиските медиуми објавија информација дека на местото на Роберто Ди Матео е поставен 55-годишниот Стив Брус, а повеќе информации за договорот не се соопштени.
„Ова е голема прилика, дојдов во голем клуб и среќен сум што добив прилика да ја водам Астон Вила. Уживам во предизвикот што е пред мене, а тоа е да го донесам клубот таму каде што треба да биде. Воодушевен сум од шансата која ја добив“, изјави Брус за официјалниот сајт на клубот.
Во текот на својата менаџерска кариера, Брус имаше прилика да ги води екипите на Хал Сити, Сандерленд, Кристал Палас, Виган, Шефилд, Бирминхем, Хадерсфилд.