Стигна понуда за Верати, ПСЖ размислува!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Јасно е дека би убиле две муви со еден удар, а се прашува Емери…

    Челси нуди повеќе од 50 милиони евра на Парижаните и Сеск Фабрегас.

    Конте е опседнат за Верати, му избега кога од Пескара замина во Франција, Јувентус, но и нивниот некогашен тренер тоа не можат да го прежалат.

    На Верати цената падна, игра многу послабо отколку во минатата сезона, има доста проблеми со повредите, а не е баш ни во милост на Унаи Емери.

    Поради тоа неговите шанси да го напушти Париз се поголеми отколку пред неколку месеци.

    Што се однесува до Фабрегас, тој од порано е доведуван во врска со Светците, но се стравуваше дека нема да се вклопи со Верати.

    Двата клуба имаат одлична соработка, доволно е да се спомене Давид Луиз, а Челси, освен Верати го сака и заборавениот Пасторе, Ел Флако е далеку од тимот од доаѓањето на новиот тренер, а често беше  и повреден во последната пола година.

    Нормално, овие трансфери треба да се остават за лето, малку е веројатно дека во јануери ќе видиме ваков расплет.