Струмица го совлада Вардар, Работнички го декласира Куманово


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште два натпревари се одиграа од првата македонска кошаркарска лига од првото коло.

    Кошаркарите на Струмица го совладаа Вардар на домашен паркет со 64:57. Струмичани првата четвртина ја добија со 22:19. Дебакл на Вардар во втората четвртина за огромно водство од 51:29 на полувреме. Во третата четвртина подобро ја одигра скопскиот клуб и ја намали предност на Струмица на 60:45. Во последните десет минути од натпревар струмичани постигнаа само 4 поени, но славеа со 64:57. Јокиќ со 18 поени ја предводеше Струмица до победа. Бешовиќ со 15 поени беше втор стрелец во Струмица. Кај Вардар најефикасен беше Зекири со 21 поен.

    Работнички во Градски Парк го разнесе Куманово со 89:52. На семафорот после првата четвртина стоеше 22:20. На полувреме кошаркарите на Работнички заминаа со предност од 42:31. Во третата четвртина кумановци постигнаа само 9 поени и во последните 10 минути од натпреварот влегоа со голема негатива од 66:40. Работнички ја добија и последната четвртина за прва победа оваа сезона. Вигинс со 17 поени беше најефикасен во тимот на Работнички. Мираковски и Мисановиќ постигнаа по 15 поени, а Илиевски и Николиќ по 12 поени. Јанески се истакна најмногу кај Куманово со 13 поени.