Суарез ја моли управата да го доведат неговиот пријател


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Барселона е во потрага за десен бек, а изгледа дека најдоа решение.

    Се работи за некогашниот фудбалер на Ливерпул и моментално член на Стоук Сити Глен Џонсон кој во минатите недели се поврзуваше со Каталонците.

    Да потсетиме, тие двајца некогаш ја делеа соблекувалната и тоа во Ливерпул од 2011 до 2014 година.

    Џонсон во оваа сезона одигра три меча во Премиерлигата. Во стрелците не се запишуваше.

    Треба да се истакне дека Луис Суарез е најголем заговорник за доаѓање во редовите на Блауграната, бидејќи токму овој играч е негов најдобар пријател од времето поминато во Ливерпул.