До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Луис Суарез денеска ја прими наградата Златна копачка, која ја заслужи со 53 постигнати голови во минатата сезона.
Суарез на доделувањето на признанието го следеа четири капитени на Барселона – Андрес Иниеста, Лео Меси, Серхио Бускетс и Хавиер Маскерано.
„Повеќето голови што ги постигнав беа така едноставни и поради тоа морам да ја пофалам својата екипа. Се сеќавам како ми беше тешкоп да дојдам до голот во Ливерпул, моите соиграчи во Барселона многу ми олеснуваат“, рече Луис Суарез кога ја прими наградата па додаде:
„Секогаш размислувам за титулите, а не за освојувањето на индивидуалните награди. Но со оглед дека играм во најдобрата екипа на светот, ако не се земам јас некоја индивидуална награда, ќе ја освои Меси или Нејмар“.















