Несреќен пораз на Валенсија – Меси од пенал во 94-та ја расплака Местаља


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Валенсија во натпревар од деветото коло во Примера беа несреќно поразени од Барселона на Местаља со 2:3.

    После 15 минути игра на теренот малер за Барселона, се повреди Андрес Иниеста. Влезе Ракитиќ кој подоцна асистираше за погодокот на Лионел Меси за водство на каталонците. Следуваа неколку одбрани во низа на Диего Алвеш. Парехо пред крајот на првото полувреме имаше шанса за израмнување, но Тер Штеген го сопре. На стартот на вториот дел Ракитиќ ја погоди стативата. Во период од четири минути фудбалерите на Валенсија направија пресврт. Мунир Ел Хадади кој е на позајмица од Барселона постигна погодок за израмнување. Потоа Родриго му донесе водство на Валенсија, 2:1. Лилјаците тоа водство го држеа до 62-ра минута кога Луис Суарез по втор пат ја затресе мрежата на Диего Алвеш, 2:2. Во 93-та минута беше досуден пенал за Барселона, а Лионел Меси го совлада Диего Алвеш, 2:3.

    Барселона со оваа победа се искачи на врвот на табелата, но Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ги немаат одиграно своите натпревари во деветото коло.

     

    Standings provided by Sofascore LiveScore