До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дани Алвеш нема да биде на теренот околу 4 месеци поради тешка повреда!
Јувентус вчера загуби од Џенова со 3:1, а покрај тоа загуби и еден од своите фудбалери!
Имено, Дани Алвеш мораше да го напушти теренот во 73 минута, после дуелот со противничкиот фудбалер, а одма изгледаше дека се работи за сериозна повреда.
Подоцна се утврди дека има фрактура на фибулата, па го очекува долга пауза.
Според првите прогнози, треба Дани Алвеш да отсуствува од терените околу 4 месеци.
Ќе видиме дали Јуве ќе реагира и ќе ангажира засилување на позиција десен бек во наредниот преоден рок.















