Толку од кариерата на Дармиан во Јунајтед: Италијанецот договори трансфер?


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Италијанскиот десен бек, Матео Дармиан не се снајде најдобро од доаѓањето во Манчестер Јунајтед.

    Тој во моментов не е од корист под водство на Жозе Мурињо, а италијанските медиуми објавија дека тој веќе договорил се за во јануари да се пресели во редовите на Интер.

    Како што стојат сега работите, Дармиан во Интер ќе пристигне на позајмица, но екипата од Милан ќе има можност да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.

    Освен Интер, за услугите на Дармиан се заинтересирани и екипите на Јувентус, Наполи и Милан.