Топџиите не се откажуваат: Во летото се одбиени 90 милиони евра, а сега следи нова акција


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Арсенал во ова лето понуди 90 милиони евра за напаѓачот на Борусија Дортмунд Пјер Емерик Обамејанг, откри агентот на играчот Винченцо Морабито.

    „Го повикав спортскиот директор на Борусија Михаел Зорц да зборуваме за Обамејанг, но тој категорички одби било каков разговор за него“, рече Морабито па додаде:

    „Знам дека Арсенал понуди дури 90 милиони евра, но Борусија воопшто не сакаше да слушне за тоа“.

    Обамејанг кој во оваа сезона во девет настапи во Бундеслигата постигна 11 голови во неколку наврати истакна дека желба му е да игра за Реал.

    Договор со жолто-црните има до 202- година, а се шпекулира дека Топџиите наскоро можат повтроно да тргнат во уште една одлучна акција.

    https://www.youtube.com/watch?v=GO0QnISX0Os