До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот голман Џо Харт во ова лето го напушти Манчестер Сити, и се пресели во Торино на позајмица до крајот на сезоната.
Со доаѓањето на Пеп Гвардиола искусниот голман го загуби местото прв голман на Итихад, и шпанскиот стручнак му порача дека може да го напушти клубот.
Харт во солзи го напушти Сити, и беше приморан да премине во Торино на позајмица до крајот на оваа сезона.
Сепак, овој потег се испостави на крајот како добар потег по Харт, бидејќи многу брзо се вклопи во новиот тим.
Јасно е дека нема да се врати во Сити додека Гвардиола е тука, а италијанските медиуми шпекулираат дека Торино спреми нова понуда.
Наводно, Торино веќе во јануари ќе почне преговори околу продолжување на позајмицата на англискиот голман.
Челниците на Торино сакаат да ја осигураат позајмицата на Харт до лето 2018 година.
Со оглед дека не го сакаат во Сити не би требало да има проблем замислите на Торино на крајот да се остварат.















