Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Момчето на кое му се предвидува светла иднина е на мета на два англиски гиганти.
Голманот кој што импресионираше оваа сезона во Сандерленд, Џордан Пикфорд би можел да го промени клубот оваа зима.
Манчестер Јунајтед и Тотенхем се заинтересирани за 22-годишниот голман кој е на голот после повредата на Вито Маноне и има брането на 7 натпревари и покажа одличен квалитет.
Тој беше повикан во репрезентацијата на Англија, но не бранеше на натпреварот против Шкотска бидејќи Саутгејт се одлучи за искусниот Харт.
Јунајтед и Тотенхем сакаат резервен голман кој што еден ден ќе ги наследи Де Геа или Лорис.