Тоти има бројни понуди, но само една желба


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, повторно се наоѓа во центарот на вниманието на италијанските медиуими бидејќи се шпекулира дека ќе го напушти Олимпико.

    Во минатата сезона многу се зборуваше за тоа дека Тоти ќе ја заврши кариерата, но тој се одлучи да го продолжи договорот со Рома на уште една сезона.

    Сепак, на почетокот на оваа сезона Тоти натпревари во поголем број ги гледаше од клупата за резервни играчи, и повторно се зборува дека може да ја напушти Волчицата.

    „Остануваме во Рим, тоа е сигурно. Веќе долго се зборува дека Тоти својата кариера ќе ја продолжи во Америка, но од тоа нема да биде ништо. Тој е среќен во Рома и на него ништо повеќе од тоа не му треба“, изјави неговата сопруга Илари Бласи.

    Италијанските медиуми пред неколку дека објавија дека на адреса на Рома стигна понуда од Ла Галакси, и од Њујорк Сити.