Традицијата не е сојузник на Зидан


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Помина повеќе од 50 години откако еден тренер на Реал успеа два пати по ред да триумфира на Ноу Камп…

    Верувале или не, ниеден тренер на Реал не ја доби Барселона во гости два пати по ред во гости повеќе од пола век.

    Последне на кого тоа му појде за рака е Мигел Муњоз, во 1965 година.

    Зинедин Зидан во април минатата година го зеде скалпот на Каталонците, резултатот беше 1:2, Бензема и Роналдо го свртеа резултатот, Барса ја доведе во водство Пике на почетокот на второто полувреме.

    Кралскиот клуб е во подобра форма од Барселона, има шест бода повеќе од неа во пресрет на Ел Класико, но Лос Бланкоси имаат веќе кадровски проблеми, па тоа е со традицијата главна причина поради што не се фаворити.

    Може ли Зизу до втората победа по ред на Ноу Камп?