Туре – Ми аплаудираа на патот до соблекувалната


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Јаја Туре беше отпишан во Манчестер Сити, а денес со два погодоци го израдува Пеп Гвардиола.

    Сити на гости против Кристал Палас славеше со 1:2, а двата погодоци ги постигна Јаја Туре.

    „Имав среќа. Бев воодушевен што играв, ми беше многу тешко минатите недели, месеци и среќен сум што повторно играм фудбал“, изјави Туре.

    „Соиграчите ми аплаудираа на патот до соблекувалната. Секогаш ме подржуваат, а јас бев ментално спремен, се однесував професионално и знаев дека еден ден ќе му требам на тренерот“, заврши Туре.