Убедливи победи на Арсенал и Ливерпул, Евертон елиминиран


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Доста возбудливо беше вечерва во мечевите од англискиот Лига Куп.

    Арсенал беше убедлив во гости кај Нотингем Форест, и славеше со 4:0 со два гола на новајлијата Перез и еден на Џака, и еден постигна Оксленд Чемберлејн. Значи, засилувањата вечерва донесоа разлика на Топџиите, а за домаќините 79 минути играше Данецот Никлас Бендтнер, некогашен играч на Арсенал.

    Ливерпул истотака лесно дојде до победа, па во гости кај Дерби триумфираше со 3:0 со головите на Клаван, Кутињо и Ориги. Евертон неочекувано на Гудисон Парк е поразен од Норвич со 2:0.

    За гостите погодуваа Најсмит Марфи. Њукасл со головите на Ритчи и Гуфран го совлада Волверхемптон, додека Лидс со минимална победа од 1:0 го елиминира Блекбург.

    Реадинг со 2:1 славеше на гости кај Брајтон.