УЕФА ќе го казни Копенхаген поради нивните навивачи


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Европската фудбалска унија (UEFA) покрена дисциплинска постапка против Копенхаген поради нивните навивачи кои запалија факели на натпреварот во ЛШ.

    Копенхаген загуби од Лестер со 1:0 во Англија, во третото коло во ЛШ, а навивачите на данскиот тим запалија голем број на факели на делот од трибинтие каде што беа сместени.

    Лестер како организатор на натпреварот не е обвинет, но УЕФА ќе го разгледа случајот на 17 ноември.

    УЕФА има забрана за користење на пиротехника на стадионите, а додека навивачите на друштвените мрежи се восхитуваат на тоа што го направија Данците, британските медиуми се прашуваат како редарите дозволиле да ја внесат пиротехниката на стадионот, бидејќи на претходните натпревари беа запленете сендвичи и ситни предмени на влезот.