До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ули Хоенес е избран за нов/стар претседател на Баерн Минхен.
После што ја отслужи затворската казна, Хоенес се врати во претседателската фотеља на Баерн а од 7152 члена на клубот против него беа само 108 члена, додека 58 беа воздржани.
„Сакам да ви се заблагодарам и да порачам дека ми е мило што ве гледам повторно. Нема да ве разочарам. Направив грешка и ќе направам се за да ја исправам, но ги разбирам и тие кои не гласаа за мене. Во затвор бев вистински затвореник и затоа ве молам за втора шанса“, рече Хоенес.
Хоенес функцијата претседател на клубот ја извршуваше од 2009 до 2014 година, но во март 2014 година поради проневера на милион евра е осуден на тригодишна затворска казна. Во февруари е пуштен после што отслужи пола казна.















