Управата на Вест Хем го повика Билиќ на разговор

Лошите резултати кои екипата на Вест Хем оваа сезона ги постигнува би можеле да го чинат Славен Билиќ работа.

Вест Хем во моментов во Премиер лигата е на 17. позиција и се на бод од зоната за испаѓање, а поради тоа загрижена е управата на клубот, која, според пишувањата на британсктие медиуми го повикала денеска Билиќ на состанок.

Како што е наведено, управата на Вест Хем размислува дали да го отпушти Билиќ пред патувањето во Ливерпул или да му даде шанса да се поправи на натпреварите против Барнли и Хал Сити.

Билиќ има договор со Вест Хем до 2018. година.