Уште еден спектакуларен трансфер: Хрватскиот играч за врска се сели во редовите на гигантот


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Милан Бадељ и неговиот победнички погодок против Рома е уште една од главните приказни на денот во италијанските медиуми.

    Фиорентина вчера со второто дерби на денот со 1:0 ја победи Рома, а се истакна Бадељ со удар во 82 минута .

    После што осигура победа на Фиорентина се поткренаа повторно приказните за трансфер во Милан.

    Имено, миланскиот клуб и во летниот преоден рок го сакаше хрватскиот играч за врска, но Фиорентина не го пушти.

    „Ла Национале“ пишува дека Бадељ во јануари сепак ќе оди на пат кон Милано.

    „Сметавме дека трансферот во Милан би бил соврешен од неколку причини. Милан секогаш ќе биде еден од најголемите европски клубови, дури иако тогаш не избори Европа. Но Фиорентина не сакаше да го продаде. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, рече за violanews.com агентот на Бадељ Дејан Јоксимовиќ.

    Бадељ има договор со Фиорентина кој трае до 2018 година, а неговиот претставник тврди дека потпишување на нов договор со клубот сигурно нема да биде.

    „Мислам дека тоа не е можно, би било вистинско чудо“, беше јасен Јоксимовиќ.

    Фиорентина за играчот за врска во летото постави цена од 13 до 15 милиони евра, но тоа за Милан сепак беше прескап. Ќе видиме дали сепак во јануари ќе се одлучат на вложување во играчот за врска…