До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После Давид Луиз, уште еден дефанзивец на Пари Сен Жермен може да се пресели во Челси.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Тиаго Силва може да се придружи на сонародникот на Стенфорд Бриџ.
Луиз и Силва две години го сочинуваа стоперскиот тандем во Париз, што Антонио Конте сака да го примени и во Челси.
Во минатите недели се шпекулираше дека Силва може да се врати во Милан, кои пред четири години го продадоа на Светците.
Нема сомнеж дека Роман Абрамович и овој пат ќе мора да издвои голема сума пари, како што направи за враќањето на Луис кој го плати околу 45 милиони фунти.















