Уште една голема разделба! ЦСКА Москва останува без тренер!

После седум години, Леонид Слуцки го напушта кормилото на ЦСКА Москва.

„Слуцки самостојно одлучи да замине. Но останува во пријателски односи со нас“ – стоеше во официјалното соопштение од тимот.

Последен натпревар ќе му биде помеѓу Тотенхем и ЦСКА Москва утре во Лондон во рамките од последното коло од ЛШ групната фаза.

Од 2009 е тренер на тимот од Москва со кој освои 3 лигашки трофеи, а оваа сезона е критикуван за лошите резултати.

Во руската лига е трета и заостанува осум бодови позади Спартак кој е на чело, додека во ЛШ немаа никакви шанси за влез во нокаут фазата.

Беше тренер и на руската репрезентација но после лоши резултати повторно самиот си даде отказ.