Фенербахче со два евроголови го уништи богатиот Јунајтед, покер на Адуриз против Генк, Рома ја декласира Австрија Виена


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште 11 натпревари се одиграа од четвртото коло во ЛЕ.

    Мајнц доби шест парчиња од Андерлехт, 6:1. Апоел минимално славеше против Јанг Бојс. Астра и Плзен ги поделија бодовите, 1:1. Петте погодоци на Ариц Адруиз беа доволни за победа на Атлетик Билбао против Генк на Сан Мамеш, 4:3. Австрија Виена ја шокираше Рома во втората минута, но фудбалерите на римската волчица потоа постигна се налути и постигнаа четири погодоци, 2:4. Два пати Џеко, Де Роси(1) и Наинголан(1) беа стрелци во победата на Рома. Еврогол на Муса Со и Џермејн Ленс беа доволни за победа на Фенербахче против Манчестер Јунајтед, 2:1. Руни погоди за црвените ѓаволи. Ст.Етиен направи пресврт против азербејџанска Габала за големи три бода, 1:2.

    Макаби Тел Авив и АЗ одиграа без погодоци. За четири минути Рапид Виена се врати од негатива, 2:0 против Сасуоло и се избори за бод. Џулијано со двата погодоци му донесе нови три бода на Зенит. Беше совладан Дундалк со 2:1. Зорја и Феенорд ги поделија бодовите, 1:1.