Фергусон: Тој е најдобар играч кој што сум го тренирал


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Некогашниот легендарен менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се одлучи да го открие во јавноста името на најдобриот играч кој го тренирал во својата кариера.

    Фергусон со Црвените ѓаволи освои се што можеше да се освои, и откри множина на играчи кои подоцна станаа големи ѕвездуи.

    Иако се одлучи да се пензионира пред неколку години овој шкотски стручнак и понатака е во центарот на вниманието на медиумите на Островот.

    Англиските медиуми ги интересираше кој е најдобар играч кој го тренирал Фергусон, а познато е дека тренирал неколку одлични играчи.

    Фергусон мораше да се одлучи за еден и тоа го направи.

    „Најдобар играч кој го тренирав е Кристијано Роналдо. Тој е совршен пример како се гради кариера. Многумина зборуваат дека јас го создадов, но тоа не е така. Роналдо сам себе се создаде“, рече Фергусон.