Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сиромашна НБА ноќ е во финишот. Уште натпреварот Чикаго против Јута кој сеуште е во тек, вечерва се одиграа 4 други натпревари.
Њу Јорк против Вашингтонг е првиот кој ќе ви го прикажеме кој беше пред се еден навистина тесен натпревар, со многу кошеви и уште повеќе шанси. 112-119 беше резултатот во полза на Вашингтонг кои конечно стигнаа до 2рата победа сезонава. Њу Јорк водеа само првите неколку минути од натпреварот до 6 разлика, а потоа Визардс блескаа на теренот. Играч со најмногу поени на натпреварот беше Дерик Роус со убедливи 27 поени. Од кај Њу Јорк исто така убедливи беа и Ентони со 19, Џенингс со 17 и Порзингис со 16 поени. Додека кај Вашингтонг Портер имаше 21, Џон Вол 23, Бил 18 и Гортат 16.
Мајами убедлив против Милвоки 73:96. Интересно беше тоа што на крајот од првата четвртина, Милвоки водеше со 6 поени разлика и некако останаа во игра и во втората четвртина и имавме израмнет резултат на полувремето. Но во второто влегоа како да не се истите играчи. Беа претепани. Ваитерс имаше 23 и најубедлив, а откај Мајами се покажаа и Ричардсон со 18 и Драгич со 16, додека од Милвоки Антетокумпо имаше 14 и Снел 14.
Хјустон беа магија на вечерта. 41 поен постигнаа сами во првата четвртина, и тоа против Портланд во славењето со резултат 109 – 126 во полза на Хјустон Рокетс. Како нај-стрелци беа Харден од Хјустон и МекКолум од Портланд со по 26 постигнати поени. Лилард имаше 18 и Тарнер 12. Додека кај Хјустон блескаше и Гордон со 16 постигнати, како и Ариза и Капела со 15.
Филаделфија повторно поразена, овој пат од Минесота и тоа само еднаш некаде во средината на првата четвртина имаа предност од 2-3 поени и тоа беше се од предноста која Филаделфија ја имаа. Вигинс и Таунс блескаа вечерва. Вигинс имаше 35 поени а Таунс 10 помалку, додека па кралот на забивањата Зек ЛаВин имаше 11 поени. Кај Филаделфија Шарич имаше најмногу 16, Стаускас 13 а Родригез не се ни запиша во листата на стрелци.