Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради терористичките напади, теренот во Кардиф каде треба да се игра финалето од ЛШ би можел да добие затворен покрив
Водечките луѓе на УЕФА имаат тајни преговори за да се игра под затворен покрив поради страв од уште еден терористички напад.
Ова е поради нападот во Дортмунд во вторникот кога страдаше Марк Бартра.
Финалето се игра на 3ти јуни во Кардиф, ќе има ангажирани 15.000 полицајци, а има страв од воздушен напад и од таму излегува идејата да се игра под затворен покрив со цел да се спречи трагедија.
„Се плашат од летачки терористи, па сакат да градат кров. Што ќе се случи? Финалето од ЛШ во Јуни ќе се игра под затворен покрив“ – анонимно изјави човек близок до тајните преговори на УЕФА.
„Со месеци работи на сигурноста за финалето во Кардиф и ќе се обидеме да спречиме било каква трагедија“- изјави Стив Фурнхам