До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот Џорџо Скинци сака да го задржи Доменико Берарди.
Да за стигнете далеку морате да имате големи соништа. А нив повеќе од сите ги сонува претседателот на Сасуоло Џорџо Скинци. Тој зборуваше за финансиите, Доменико Берарди, Лигата на шампионите и борбата за титула шампион на Италија.
И тоа многу амбициозно.
„Кога финансиската сила е во прашање таму сме втори во Италија, одма позади Јувентус. Мојот сон е да го задржиме Берарди и да го претворам во симбол. Постои џентлменски договор со Јувентус околу Берарди, а и Интер е заинтересиран“, рече Скинци.
Целта е Лигата на шампионите.
„Сасуоло има се што треба. Имаме одличен тренер, млад тим на играчи од кои многумина ќе играат за репрезентацијата. Лигата на шампионите е една од целите, а за некоја година ќе се бориме за Скудето“, истакна јасно Скинци.
Ова се вика оптимизам. Сасуоло после седум кола е на 13 место од табелата на Серија А.















