(Фото) И тоа е возможно: Роналдо во дресот на Барселона


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Следниот викенд се игра големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид во рамките на 14. коло од шпанската Ла Лига.

    Ел Класико е натпревар кој во светот се чека со нетрпение, а на 3. декември и двете екипи ќе ја имаат својата пресметка на „Камп Ноу“. Веќе со недели навивачите на двете екипи започнаа со провокациите, а една особено го привлече вниманието на спортската јавност.

    Имено, едно дете кое навива за Барселона очигледно има голема желба Роналдо да заигра за овој тим, иако тоа е невозможно. Оваа фотографија ги „запали“ социјалните мрежи, а навивачите на кралскиот клуб порачаа дека ова е доказ дека Барселона сака нешто што никогаш не може да го има.