Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед вчера одигра нерешено на „Олд Трафорд“ против Вест Хем (1:1) во рамките на 13. коло од Премиер лигата.
Избраниците на Жозе Мурињо повторно не успеаа да запишат победа на домашен терен, и фрустрацијата на навивачите на екипата од ден на ден е се поголема. Црвените ѓаволи вчера на „Олд Трафорд“ имаа посебна поддршка од познатата американска актерка.
Имено, Џулија Робертс вчера го следеше натпреварот на „Олд Трафорд“, а на полувремено дури и се појави на тревникот. Меѓутоа, оваа позната американска актерка не успеа да му донесе среќа на Јунајтед.