(Фото) Птица удрила во авионот на Фенербахче и го скршила стаклото


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Приватниот авион кој ги превозувал фудбалерите на Фенербахче во Манчестер итно морал да слета во Унгарија.

    Како што пренесува турската телевизија „ITV“, авионот бил пренасочен во Будимпешта бидејќи пилотот забележал пукнатини на ветробранското стакло.

    Како што е соопштено од клубот и од аеродромот „Франц Лист“ во Будимпешта, птицата удрила во стаклото на авионот, поради што настанале пукнатини.

    Фенербахче по инцидентот на својот Твитер профил напиша дека ништо не е алармантно.

    Фудбалерите на Фенербахче утре патуваат во Англија по повод натпреварот против Манчестер Јунајтед, кој се игра во четврток од 21:05 во рамките на третото коло од Лигата на Европа.