Хамес во Колумбија, бара виза за Англија!

 

Според податоците на колумбиските медиуми, Хамес Родригез наскоро може да заигра во Англија.

Премиерлигата го чека Хамес Родригез!

Фудбалерот на Реал Мадрид моментално се наоѓа на одмор во Колумбија, а овој одмор можеби ќе го искористи и да заврши работа околу својот трансфер, пренесуваат колумбиските медиуми.

Сите добро знаеме дека во немилост на тренерот Зидан и дека не е во прв план кај Французинот, поради што изјави дека сака да го напушти клубот.

„Не можам да тврдам дека во јануари и понатака ќе бидам во Реал Мадрид. Имам на масата неколку примамливи понуди и имам седум дена да размислам и да разгледам што е најдобро за мене. Среќен сум во Мадрид, но сакам да играм повеќе и да се чувстувам важен во екипата“, рече Родригез пред два дена.

Понуди има од Премиер лигата, а податок до кој што стигнаа колумбиските новинари (дека бара виза за Англија) доста зборува за неговиот нареден трансфер.

Челси и Манчестер Сити беа заинтересирани за него, мислите дека ќе оди во некој од тие два тима?