До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Илкај Гундоган не стигна како спектакуларно засилување на Итихад, а многумина беа многу спектични после тешката повреда која ја имаше во Дортмунд.
Сепак, германскиот репрезентативец во целост ја оправда довербата на Пеп Гвардиола, и во последно време се оддолжи и со погодоци.
Така и синоќа беше, кога со два гола ја сруши големата Барселона. Тое многумина ги изненади, бидејќи Гундоган беше досега препознатлив како некој кој ја расипува на противникот играта и организира напад на својот тим.
Сепак, влијанието на Пеп е очигледен, а овој му враќа со што подобри настапи. Така досега постигна веќе пет погодоци во сите натпреварувања за Граѓаните.
Интересно е дека во Германија за пет години постигна само 10 голови, што значи дека Гвардиола му го унапреди и тој сегмент во играта.
Интересна е ситуацијата во самиот град Манчестер.
Пол Погба на голема врата се врати во редовите на Јунајтед, стана најскап играч на свето, но досега тоа баш со ништо не го оправда.
Затоа следеше споредба на овие двајца играчи. Освен што постигна повеќе голови, Илкај имаше и повеќе точни додавања, а треба да се има во предвид и тоа дека Сити има значително подобра сезона од Црвените ѓаволи.
Многу интересно дека играчот за врска на Граѓаните чинеше колку и провизијата за Погба. Имено, Мино Раиола од трансферот на Погба инкасираше повеќе од 20 милиони евра, а токму толку и Сити го плати играчот за врска на Милионерите од Дортмунд.
И што да се каже, отколку феноменална зделка, бидејќи Гундоган го засени Погба и покажа многу повеќе од многу развиениот најскап фудбалер на светот.















