Херојски пресврт на кралскиот клуб – Реал се врати од два негатива, а Мората ја замолкна Серамика (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Виљареал на Серамика во натпревар од 24-то коло во Ла Лига, 2:3.

Жолтата подморница ја имаше првата поголема шанса за погодок. Гаспар шутираше, но голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас фантастично одбрани.

Асенхо во 25-та минута одлчично го одбрани ударот на Бензема со глава. Голманот на Виљареал се повреди при таа одбрана, па 35-та минута беше заменет. Неколку минути подоцна Кастиљехо пропушти огромна шанса за водство на Виљареал, од блиску шутираше високо над голот.

Почетокот на второто полувреме донесе водство на Виљареал. Тригерос постигна фантастичен погодок.

Само шест минути подоцна Бакамбу излезе еден на еден со Навас и по втор пат ја затресе мрежата на кралевите.

После шокот, кралевите почнаа да напаѓаат. Роналдо ја погоди стативата, а неколку минути подоцна Герет Бејл со глава го намали водството на жолтата подморница, 2:1.

Бруно играше со рака во казнениот простор, а судијата досуди пенал за кралскиот клуб. Кристијано Роналдо од белата точка беше сигурен и го израмни резултатот, 2:2.

По влегувањето на терен на Алваро Мората, шпанскиот напаѓач постигна погодок со глава за пресврт, 2:3.

Дос Сантос пропушти шанса да го израмни резултатот, а на другата страна Мората пропушти да го зголеми водството на Реал, па на крајот се радуваа кралевите.

Реал Мадрид се враќа на врвот после оваа победа со еден бод повеќе од Барселона која е втора и еден натпревар помалку.