Цветан Панделески – Битола ќе се гордее со Пелистер кој доаѓа


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Цветан Панделески, новиот претседател на Пелистер денес на прес-конференција кажа неколку збора кои ќе ги интересираат навивачите на Пелистер.

    „Чест ми е што сум дел од овој традиционален клуб и што започнуваме еден проект со кој верувам дека Битола ќе се гордее. Пакет од акции со кои раководи клубот е составен од повеќе компании кои се во наша контрола и верувам дека ќе вклучиме и други компании кои се подготвени за вложуваат во клубот. Тука сум да ги поздравам и охрабрам. Заедно со сениорската екипа ќе работиме и на прогрес со младите категории кои сметам дека ќе бидат столб на клубот. Не кријам дека сакам овој клуб да го видам во Европа и за тоа ќе треба сите напорно да работиме за да ја оствариме целта. Нема да го заобиколиме и проблемот со стадионот, знаеме дека во иднина ќе играме европски натпревари, а ние не сакаме да си дозволиме тие натпревари да ги играме на друго место“, изјави Цветан Панделески.

    Битолскиот клуб следниот натпревар го игра на Тумбе Кафе против прилепска Победа.