Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Актуелниот шампион во Евролигата славеше во кошаркарското дерби против Олимпијакос и го задржа 100% учинок.
ЦСКА Москва славеше во Пиреја со 75:81 и има учинок 5-0.
Шампионот на Европа имаше водство во текот на целиот натпревар, но при крајот стравуваше за победа.
Максималната предност на ЦСКА изнесуваше 16 поени, а домашните успеаа да намалат на едноцифрена негатива, 6 поени.
Се чинеше дека Олимпијакос се врати во натпреварот, но кошаркарите на ЦСКА Москва го решија натпреварот во своја корист.
Милош Теодосиќ натпреварот го заврши со 10 поени и 5 асистенции, а и направи една магична асистенција за Хајнс.
Најефикасен во ЦСКА беше Нандо Де Коло со 23 поени и 9 скока. Кај домашните Јоргос Принтезис натпреварот го заврши со 26 поени и 7 скока.