Чави за бразилецот – Тој е најдобар во светот, би бил идеален за Барселона


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Филипе Кутињо е во најдобрата форма во светот. Фудбалерот на Ливерпул го води својот клуб кон титула во ПЛ, а и за Бразил игра фантастично.

    Неколку месеци се споменува негов трансфер во Барселона, а масло на огнот додаде легендарниот фудбалер на Барселона, Чави. Шпанецот мисли дека Кутињо е најдобриот фудбалер за врска во моментот и би бил идеален за неговиот поранешен клуб.

    „Кутињо е фудбалер за кој секогаш мислев дека е посебен, но морам да признам дека Клоп го подигна на повисоко ниво. Во овој момент нема подобар фудбалер од средниот ред од него во Европа.“

    „Тој секогаш воодушевуваше со своите потези, но порано му недостасуваа натпревари. Сега тоа го има и тоа се фантастични вести за Ливерпул кој се сериозен кандидат за титулата“, изјави Чави.

    Чави мисли дека за Кутињо има место во Барса и дека е технички обучен да одговори на условите за да го облече дресот на каталонскиот гигант.

    „Тој сега мора се да игнорира што пишува во медиумите и да се насочи кон Ливерпул бидејќи сум убеден дека ова може да биде нивна сезона“, заклучи Чави.