Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот шампион, Челзи веќе подолго време бара напаѓач кој би го заменил Диего Коста кој е на излезните врати, а од раководството на клубот спремиле 65 милиони за Пјер Емерик Обемејанг.
Шефот на „сините“ Антонио Конте очајно сака да ги реши своите напаѓачки проблеми, а како што пренесуваат англиските медиуми Челзи е на пол позиција за да го потпише Обемејанг, откако го испуштија Ромелу Лукаку кој замина кај Мурињо.
Борусија веќе ја гледа својата замена во напаѓачот на Арсенал, Оливер Жиру, кој би го наследил Обемејанг.
Од таборот на лондонските „сини“ се надеваат дека Борусија би можела да го добие Коста и плус пари за габонскиот интернационалец, но што ќе се случува останува да видиме.