Челси „загриза“ за Колумбиецот, Абрамович „ја отвора кесата“ и го доведува веќе во јануари!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Кога Роман Абрамович, сопственикот на фудбалскиот клуб Челси ќе посака нешто, тој воглавно и го добива, сега сака напаѓач од Серија А.

    Веќе некое време е познато дека Антонио Конте наложи на челниците на клубот од Стенфорд Брид на располагање да му стават уште еден напаѓач.

    Не е Италијанецот задоволен од Батшуаји, Белгиецот може да оди на калење, а него може да му стигне замена од Џенова.

    Според пишувањето на порталот „Гол“ Челси веќе во јануари може да тргне по напаѓачот на Сампдорија Луис Муриел.

    Колумбиецот е многу добар во оваа сезона, постигна шест гола на 14 настапи во дресот на Сампдорија, и изразна во тој клуб и време е за нов исчекор во кариерата.

    Челси секако би било заминување на неколку чекори понапред и нема сомнеж дека доаѓање во Лондон ќе биде вистинска работа за Колумбиецот, иако би играл како втор напаѓач кај Сините позади недопирливиот Диего Коста.

    Сепак, Сампдорија нема намера да го пушти својот најдобар играч туку така, сака прво да им се задоволи апетитот кога е во прашање оштетата, за воопшто да се пуштат во преговори со заинтересираните страни.

    Челси има платежна моќ, ќе видиме дали ќе ги задоволи желбите на сопственикот на Сампдорија веќе во јануари, а познато е дека конкуренција ќе има во паднатата Валенсија, која во јануари низ преодниот рок ќе бара спас на сезоната.