Челси најде купувач за напаѓачот

Сините се најактивни во овој преоден рок.

Челси го врати дефанзивецот Аке од Борнмут, напаѓачот Бамфорд од Барнли, но еден од двајцата веднаш ќе продолжат понатаму.

Патрик Бамфорд е на чекор од трансфер во Мидлзбро.

Бамфорд има играно на позајмица во Мидлзбро, во сезоната 2014/15 постигна 17 погодоци во Чемпионшип за нив.

Мидлзбро сака сега да го купи, а се споменува цифра од 12 милиони евра.

Бамфорд стигна во Челси во 2012-та година, но никогаш не доби вистинска шанса бидејќи беше праќан на позајмици во МК Донс, Дерби, Мидлзбро, Кристал Палас, Норвич и Барнли.