Чиле изненадувачки ја победи Белорусија, Египет подобар од Катар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од 14:00 часот се одиграа уште два натпревари од првото коло, а репрезентациите на Чиле и Египет запишаа победи.

Ракометарите на Чиле славеа во натпревар од првото коло од групата Ц против Белорусија, 28:32.

Чилеанците започнаа од одлично во натпреварот. Два погодоци во низа за водство, 1:3. Се играше гол за гол се до десетата минута.

Родриго Салинас со два погодоци во серија зголеми на 5:9. Белорусите преку Каралек и Брука се вратија на два погодоци негатива, 7:9. Разиграните Белоруси девет минути пред крајот на првото полувреме го израмнија резултатот со погодоците на Кулеш, Шилович и Каралек, 10:10.

Кулеш во финишот на првото полувреме погоди за 14:14 со кои и се замина на полувреме.

Кулеш и Каралек го отворија второто полувреме и водство на Белорусија, 16:14. Во 37-ма минута од натпреварот израмнување на резултатот, 19:19.

Со двата погодоци на Каралек, Белорусија повторно имаше водство од два погодоци, 21:19. Рутенка и Брука потоа зголемија на три погодоци предност, 23:20. Естебан и Родриго Салинас постигнаа два погодоци во низа за 25:24. Чилеанците постигнаа три погодоци во серија за водство во натпреварот, 25:26.

Естебан Салинас постигна два погодоци во низа и ја зголеми предност на Чиле на два погодоци, 26:28. Следуваше нова серија од два погодоци на чилеанците и водство, 27:30.

Чиле на крајот славеше со 28:32 и изненадувачки ја совлада Белорусија. Родриго Салинас со 8 погодоци го предводеше Чиле до победа. Естебан Салинас и Ервин постигнаа по 7 погодоци. Артсем Каралек беше најефикасен во репрезентацијата на Белорусија со 11 погодоци.

 

 

Ракометарите на Египет го совладаа Катар со 20:22 во натпревар од првото коло од групата Д на СП во Франција. Абделразек и Каири на почетокот на натпреварот му донесоа водство на Египет, 1:2. Абдала и Капоте набрзина ја вратија предност на Катар, 3:2.

Со двата погодоци во серија на Елахмар, Египет стигна до ново водство на натпреварот, 3:4. Катарците го вратија водството преку Капоте и Ал Карби, 5:4.

Египќаните направија серија од четири погодоци за водство, 5:8. Елахмар една секунда пред крајот на првото полувреме погоди за 8:11. Тоа беше резултатот кој стоеше на семафорот после првите 30 минути.

Катарците на почетокот на второто полувреме намалија на два негатива, 10:12. Двата погодоци на Елахмар и едниот Еиса му донесоја водство на Египет, 10:15. Се играше гол за гол подолго време во второто полувреме.

Mалаш и Роан пет минути пред крајот намалија на три негатива, 17:20.

Ракометарите на Катар се обидуваа да се вратат резултатски во натпреварот, но најмногу што направија беше два погодоци негатива со кои и беа поставени конечните, 20:22.

Ахмед Елахмар со 8 погодоци го предводеше Египет до победа. Еслам Еиса додаде 6 погодоци. Кај Катар најефикасен беше Рафаел Капоте кој постигна 5 погодоци.