Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Ракометарите на ЧСМ Букурешт беа поразени во градското дерби против Стеауа на гости со 30:28.
Првото полувреме гостите го добија со 16:18. Вториот дел видовме подобра игра на Стеауа кој резултатски се врати во натпреварот и до крајот на натпреварот направи пресврт, 30:28.
Ѓорѓеску со 9 погодоци ја предводеше Стеауа до победа на овој натпревар. Соке во победата додаде 8 погодоци. Кај ЧСМ Букурешт, Бернатонис беше најефикасен со 9 погодоци. Саурина постигна 6, а македонскиот репрезентативец, Гоце Георгиевски постигна 2 погодоци од 3 обиди.
ЧСМ Букурешт го запиша третиот пораз во пет кола, а Стеауа втората победа оваа сезона.