Чудесен говор на Дешамп: Запомнете, се паметат само победниците


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После 1998. и 2006. година Триколорите се повторно во финалето, а за противни ја имаат репрезентацијата на Хрватска.

Селекторот на Франција, Дидиер Дешамп на посебен начин комплетираше екипата. Дома ги остави некои од големите ѕвезди, а веројатно тоа беше прав потег од негова страна, па со тимската игра стигнаа до финалето.

Факт е дека Дешамп има одличен однос со играчите, а говорот кој го одржа после победата над Белгија во полуфиналето е навистина воодушевувачки.

„Ова го заслуживте. Дадовте се од себе и сум горд на вас. Сега уживајте со фамилиите, јадете добро и слушајте го внимателно Грегориј Дупонт (фитнес тренер на репрезентацијата). Финалето почнува овде. Ќе имате прилика да се одморите, но од утре сакам да се потполно сконцентрирани на преостанатиот натпревар. Запомнете, на Светските првенства луѓето ги паметат само победниците. На никому не му е гајле за фанилистите“, рекол Депшамп.

Големото финале се игра во недела во Москва, а средбата започнува од 17.00 часот.