Шампионски квалификации за Маркез – Шпанецот на пол позиција во Австралија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Возачот на Хонда, Марк Маркез утре на трката на ГН на Австралија ќе стартува од пол позиција.

    Шампионот во МОТО ГП класата постави најбрзо време на денешните квалификации. Кал Крачло беше одличен и заврши на втората позиција. Браќата Пол и Алеиш Еспаргаро утре ќе стартуваат од третата и четвртата позиција. Џек Милер се најде во ТОП 5. Италијанецот Данило Петручи ќе стартува шести, Ники Хејден со хондата ќе стартува седми. Штефан Брадл, Андреа Довицизо и Хектор Барбера ги комплетираат ТОП 10. Возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси имаа катастрофални квалификации. Шпанецот на утрешната трка ќе стартува од 12-та позиција, а Валентино Роси од 15-та позиција.

    Стартот на трката е закажан за во 07:00 часот.