Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Руската тенисерка, Марија Шарапова наскоро ќе се врати на тениските терени после суспензијата поради допинг тестот која ја доби после Австралијан Опен 2016 година.
Првата казна беше 2 години, но беше намалена на 15 месеци што значи дека во мај Шарапова се враќа.
Првиот турнир после 15 месеци ќе биде во Мадрид кој започнува на 5.мај, а Шарапова побара посебна покана за овој турнир. Русинката моментално е без бодови, но од турнирот во Мадрид неможеа да ја одбијат бидејќи се работи за една од најдобрите тенисерки во последните 15 години.
Останува да видиме дали Марија ќе добие посебна покана за турнирот во Мадрид и за Роланд Гарос и Вимблдон бидејќи сепак се работи за тенисерка поврзана со допинг контроли.