Шеиците создаваат „атомски Сити“: Пеп на располагање има дури 170 милиони за јануари


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Сити во ова лето потроши 213 милиони евра на засилувања, а во зимскиот преоден рок според извештаите од Островот Пеп Гвардиола на располагање ќе има истотака голема сума на пари.

    Сезоната, барем засега, за Граѓаните може да се окарактеризира како фантастична во Премиер лигата, каде што се водечки, а во последното коло доживееја незгоден пораз од Тотенхем (0:2).

    Истотака кикснаа и во Лигата на шампионите (3:3 кај Селтик), но челниците се многу задоволни со работата на шпанскиот стручнак.

    Затоа се одлучија и да му ги исполнат зимските желби, а тоа значи дека веќе во јануари може да потрошат околу 170 милиони евра.

    Тоа пред се Леонардо Бонучи, стоперот на Јувентус кој Гвардиола силно сака да го доведе во ова лето.

    Сепак, Бонучи избра да остане во редовите на Старата дама, а сега Сити треба да понуди дури 66 милиони евра. Проблем е што одличниот дефанзивец го сака и сонародникот Антонио Конте.

    Покрај него, на листата на желбите на Пеп е одличниот Хектор Белерин, од кого исклучително тешко ќе се откаже Арсенал.

    Наводно Граѓаните за поранешниот млад играч на Барселона веќе понудија околу 44 милиони евра.

    Трет на листата е напаѓачот на Борусија Дортмунд Пјер Емерик Обамејанг. За него Сити „подготви“ 55 милиони евра, а тој им е многу потребен бидејќи Гвардиола остана само на Серхио Агуеро и Келечи Ихеаначо.

    Со овие три играчи Сити навистина би бил претедент за титулата без дилема, само е прашање дали ќе успее во своите намери. Сепак, повикот на милионите од шеиците тешко да се оддолее.