Шок во Мадрид: Зидан остана без клучен фудбалер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Шпанија рутински победи кај Албанија (2:0) во квалификациите за СП, но две приказни од тој натптревар никако не спаѓаат под редовни случувања.

    Џерард Пике се прости од репрезентацијата после што е обвинет  дека не е доволно голем патриот бидејќи го одврза горниот дел од ракавот каде што е шпанското знаме, а ни неговиот партнер „без ракави“ одбраната нема по добро да го памети постувањето во Скадар.

    Бидејќи на десет минути пред крајот, Рамос е заменет после што се повреди во борба за топка со глава. После натпреварот, Зидан слушна многу лоши вести – капитенот на Реал кој веќе е опустошен со повреди, ги скина лигаментите на левото колено и нема да игра најмалку месец дена.

    Реал има надвор од теренот неколку клучни играчи, освен Хамес Родригрз, кој кај Зидан не е во прв план, сепак е важен, присилно ќе паузираат незаменливите Касемиро, Марсело и Лука Модриќ.

    Сега тој список е проширен, па Реал на барем месец дена ќе остане пратично без рбетот на тимот – командантот на одбраната и капитенот Рамос, и организаторот на играта Модриќ.

    Среќа во несреќа е што во наредниот период Реал нема да се сретне со тешки противници, но во борбата за врвот на Примера, секој натпревар е важен.

    Посебно е важен тој дуел со кој Реал го дели врвот – градскиот ривал Атлетико, каде што Реал гостува на 20 ноември, а Зидан и сите навивачи на Реал се надеваат дека Модриќ и Рамос до тогаш да се опорават.