Штербик ја спушти ролетната, Канељас торпедираше – Вардар го декласира Рајн Некар среде Германија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар во седмото коло од групната фаза во ЛШ славеа на гостувањето против Рајн Некар Левен со 27:33 и останаа осамени на врвот.

    Вардарци го отворија натпреварот со серија од два погодоци, но набрзина со иста мерка вратија ракометарите на Рајн Некар и го израмнија резултатот. Ракометарите на Вардар се разиграа и стигнаа до предност од четири погодоци, 5:9. Домашните ракометари до крајот на првото полувреме го намалуваа водството и стигнаа до израмнување, 14:14. Со погодокот на Тимур Дибиров во последната минута Вардар замина на полувреме со предност од еден погодок, 16:17. Во второто полувреме четири погодоци во серија постигнаа Вардарци за водство од пет погодоци, 17:22. Следуваше нова серија на ракометарите на Вардар, овој пат од два погодоци за водство од шест погодоци, 18:24. Со три погодоци во серија македонскиот шампион стигна до предност од осум погодоци, 20:28. Ракометарите на Вардар постигнаа нови два погодоци во серија за најголемо водство на натпреварот од девет погодоци, 21:30. Ракометарите на германскиот клуб на пет минути до крајот на натпреварот ја намалија негативата на пет погодоци, 25:30. Вардар славеше со 27:33 за шеста победа во групната фаза во ЛШ.

    Жоан Канељас со 10 погодоци го предводеше Вардар до победа на овој натпревар. Лука Циндриќ постигна 7 погодоци и го заврши натпреварот како втор стрелец на македонскиот шампион. Арпад Штербик имаше голем придонес во победата на Вардар со своите 13 интервенции. Кај Рајн Некар Левен со 7 погодоци најефикасен беше Гудјон Валур Сигурдсон. Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков не настапи на денешниот натпревар.

    Вардар во осмото коло од ЛШ игра против Рајн Некар, но на домашен терен.